Рафаел Надал е уште еден во низата патници во следното коло од Вимблдон, откако во првото коло без проблеми и со 3:0 во сетови (6:3, 6:1, 6:3) го совлада Јапонецот Јуичи Сугита.

Јасно беше дека Сугита не е дораснат противник за третиот носител на турнирот во Лондон, па иако пружи достоен отпор, особено во последниот сет Надал успеја да го „реши“ за два часа и да се најде во продолжението.

Во второто коло Надал ќе се соочи со незгодниот Ник Киргиос, кој по вистинска драма во пет сета го елиминираше Џордан Томпсон.