Белградски Партизан го размрда трансфер пазарoт во Србија со ангажман на фудбалер на Рома. Нигериецот Умар Садик е нов играч на „црно-белите“. Се работи за едногодишна позајмица во редовите на српскиот клуб со опција за откуп на договорот. 22-годишниот Садик во 2016 пристигна во Рома како голема надеж но не успеа да се наметне во првиот тим. Беше на позајмица во неколку клубови, прво во Болоња, па Торино, НАЦ Бреда, потоа во Глазгов Ренџерс каде што, според неговите зборови, имал лошо искуство со тренерот Стивен Џерард. Изминатите шест месеци беше во Перуџа, а сега доаѓа во Партизан.