Баер Леверкузен го собори клупскиот рекорд со ангажман на Кемир Демирбај од Хофенхајм. „Фармацевтите“ за германскиот играч од средниот ред платија дури 30 милиони евра.

Дали трансферот во Баер и платената сума става притисок врз вас? – беше едно од главните прашања на новото засилување за „црвено-црните“ од Леверкузен.

„Не чувствувам притисок. Знам колку вредам – а вредам за сите пари. Обично не размислувам многу кога правам некој избор, туку ги решавам работите по претчувство. По само еден разговор, знаев дека е момент да направам промена. Баер беше искрен и точно знаеше што сака од мене, јас сум подготвен да им дадам. По само два тренинга можам да кажам дека дојдов во добар клуб. Кога си отидов дома на сопругата и кажав: ’Имам чувство како да играм тука со години’“, вели германскиот фудбалер од средниот ред, а во новиот клуб го доби дресот со омилениот број 10.

„Едвај чекам да заиграм во Лигата на шампионите. Би ми било убаво да ја чујам химната, а би сакал да играм против Реал Мадрид“, дополнува Кемир.