Двата главни фаворити за освојување на Копа Америка 2019 се среќаваат во полуфиналната фаза на турнирот на стадионот на Гремио во Бело Хоризонте, а победникот ќе го добие билетот за финалето во кое ќе ги одмери силите со Чиле или Перу.

Не воодушевија ни Бразилците, а ни Аргентинците во досегашниот тек на турнирот, но сепак стигнаа до полуфиналето и си ги зголемија шансите за трофејот. „Селесао“ нема пораз на Копа Америка, но сериозно се измачи против Парагвај во четвртфиналето и пројде по подобро изведување на пенали. „Гаучосите“ тргнаа килаво, но се кренаа во финишот на групната фаза на турнирот и потоа лесно ја елиминираа Венецуела во четвртфиналето.

КОПА АМЕРИКА – Полуфинале

БРАЗИЛ – АРГЕНТИНА
Среда, 02.30 (Бело Хоризонте)
Шифра: 8609

ПРЕДЛОЗИ
ВГ 0-2    1,60
КТ 1        1,85
* квотите подлежат на промени

ОФАНЗИВНИ ТИМОВИ, ЦВРСТИ ОДБРАНИ

Бразил е екипата која постигна најмногу голови на шампионатот досега (осум), а пет од тие ги даде во еден меч – против Перу. „Селесао“ има и најмногу удари на гол (84) од било која друга репрезентација, што е за 19 повеќе од најблискиот конкурент Уругвај. Нивниот ефект е 43-34 во однос на шутеви внатре и надвор од шеснаесетникот што ни сугерира дека ја шутираат топката од секој можен агол.

Она што е интересно за овие две екипи е што не дозволуваат многу шутеви кон нивниот гол и тоа се гледа по статистиката и по тоа што нивните голмани направиле најмалку одбрани.

На последните два пријателски натпревари овие селекции падна само по еден гол, додека на последниот официјален натпревар, одигран во квалификациите за Мундијалот во Русија во ноември 2016 година, славеше Бразил со 3:0 исто така во Бело Хоризонте, каде се игра и овој натпревар.

ПРЕДНОСТ ЗА „СЕЛЕСАО“

На Бразилците поради тоа што се домаќини им даваме предност, но сме убедени во тврд натпревар со мал број на погодоци (можеби и со многу картони). Двете селекции долго чекаат на освојување на турнирот, а пред се Аргентина која последен пат шампион на Јужна Америка била во 1993 година. Бразил последниот трофеј на Копа го подигна во 2007 година по триумфот над Аргентина на шампионатот што се одржи во Венецуела.