22:00 – Атлетико Мадрид до крајот на оваа недела ќе заврши уште еден трансфер. Капитенот на Порто Ектор Ерера не потпиша нов договор и како слободен играч ќе премине во редовите на мадридскиот клуб. Според информациите од Мадрид тој би требало да потпише едногодишен договор.

21:50 – Партизан и одговори на Црвена Звезда и нејзиниот трансфер на Томане од Тондела. „Црвено-црните“ успеале да го договорат напаѓачот на Рома Умар Садик. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

21:30Зе Луис, бразилскиот фудбалер на Спартак Москва заплака на денешниот тренинг откако требаше да се збогува со соиграчите. Тој во иднина ќе го носи дресот на Порто. За него последниот тренинг со московската екипа беше ептен емотивен.

21:30 – ОФИЦИЈАЛНО: Ајнтрахт Франкфурт потпиша договор до крајот на 2022/23 со младинскиот уругвајски репрезентативец Родриго Салазар. Овој играч претходно настапуваше во шпанскиот второлигаш Малага.


21:20 – Болоња е на чекор до потпишување на договор со дефанзивецот на Клуб Бриж Стефан Денсвил за сума од седум милиони евра.

21:00 – Левиот бек на Монако Антонио Барека во текот на утрешниот ден ќе го комплетира трансферот во Џенова. Се работи за едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот.

20:00 – Бордо тргна по капитенот на Арсенал Лоран Кошчелни. Тој би требало да го замени Кунде кој најверојатно ќе премине во Севиља.

19:50 – Севиља се обидува да донесе тројца играчи. Едниот е Лукас Окампос од Олимпик Марсеј, другиот Серхио Регулон од Реал Мадрид, а третиот е Жулс Кунде од Бордо. За Кундо нуди 25 милиони евра што е рекордна сума дадена за играч.

19:13 – По ангажманот на Рајан Бабел, турскиот суперлигаш Галатасарај денеска се пофали со уште две нови имиња – шведскиот интернационалец Џими Дурмаз и турскиот репрезентативец Шенер Озбајракли. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

18.30Интер работи со полна пареа и го објави третото засилување ова лето, a тоа е Стефано Сенси од Сасуоло. Детали можете да прочитате ОВДЕ

17:50Црвена Звезда го комплетираше трансферот на португалскиот напаѓач Томане кој доаѓа од Тондела. Играчот потпиша со српскиот шампион договор до јуни 2022 година, а тој ги „купи“ навивачите со една реченица: „Дојдов во најголемиот клуб во Србија“.

17:20Милан преговара со Фиорентина за трансфер на играчот од средниот ред Џордан Верету. „Росонерите“ се заинтересирани за Французинот но им соопштиле на колегите од Фиренца дека се спремни да потпишат со него само под одредени услови.

16.50 – Германски Штутгарт го донесе 17-годишниот Тангај Кулибали од редовите на Пари Сен Жермен. Тој потпиша договор на четири години.

16:10 – Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ поднел барање до Вест Хем да биде ставен на трансфер листата, за да може да прејде во редовите на кинески клуб. Деталите ги имате на овој ЛИНК.

15:39Џенова официјално го потпиша договорот со дефанзивецот на Милан, Кристијан Запата. Тој доаѓа во тимот нанашиот Горан Пандев како слободен фудбалер. Џенова го депонирала договорот на Запата во Лега Серија А, што значи дека сите формалности се завршени.

15:35 – И Арсенал има прво летно засилување. Станува збор за исклучително младо име, 17-годишниот Габриел Мартинели, кој во редовите на „топчиите“ доаѓа од бразилскиот клуб Итуано. Првите информации велат дека сумата на трансферот изнесува 6 милиони евра.


15:28Валон Бехрами се врати дома. Следната сезона тој ќе биде нов фудбалер на Сион. Веста ја потврдија и од клубот.


15:08„Л’Екип“ ПОТВРДИ: Тангај Ндомбеле и официјално стави параф на договор со екипата на Тотенхем. Деталите ги имате на овој ЛИНК.

14:56 – Младиот играч за врска Стефано Сенси ги напуштил просториите на КОНИ каде ги поминал прегледите за трансфер во Интер. Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио пишува дека трансферот е комплетиран и Сенси многу брзо ќе биде ново засилување за „нероаѕурите“ во ерата на Антонио Конте.

14:31 – Лестер се огласи по најновата понуда на Манчестер Ј. за Хари Мегваер. Понудата од 70 милиони фунти за стоперот е ОДБИЕНА.


14:06 – Крилото на колумбискиот клуб Атлетико Жуниор, Луис Диас Маруланда е многу блиску до трансфер во екипата на Порто. Страните се договориле за отштетата. Порто ќе плати 7 милиони евра, и ќе им остави 20% од следниот трансфер на фудбалерот на Колумбијците. Луис Диаз ќе потпише 5-годишен договор со португалскиот гигант.

13:54 – Рома во обид да го донесе Тоби Алдервајерелд од Тотенхем, размислува дури и да го понуди младиот Николо Заниоло. Разговорите на оваа тема треба да почнат уште денеска.

13:37 – Барселона и официјално ја закажа промоцијата на Френки де Јонг. Истата ќе се случи в петок на „Камп Ноу“.


13:25 – Во еден ден, Тотенхем може да завери две нови имиња. По Кларк од Лидс Ј., лондончани се пред потпис и со фудбалерот на Лион, Тангај Ндомбеле. Веста прочитајте ја ТУКА.

12:58 – Барселона ја одбила првата понуда од Баерн (М) во висина од 70 милиони евра за Усман Дембеле. Каталонскиот весник „Спорт“ вели дека ќе се чека нова понуда во висина од 95 милиони евра, која каталонците веднаш би ја прифатиле.

12:33 – Арсенал, по се изгледа, ќе се откаже од идејата да го купи Вилфрид Заха. Октако Кристал Палас постави неверојатна сума од над 100 милиони евра за слободата на напаѓачот на Брегот на слонова коска, „топчиите“ тргнуваат по фудбалерот на Реал (М), Лукас Васкез. Првата понуда за него, според весникот „Сан“ изнесува 27 милиони фунти.


11:50Рафаел Бенитез и официјално е нов тренер на Далиан. Комплетната вест ја имате ОВДЕ.

11:28По цели 517 дена, екипата на Тотенхем купи нов фудбалер. Деталите ги имате ТУКА

11:14 – Британски „Сан“ денеска излезе со информација дека Манчестер Ј. ќе направи уште еден силен обид да го купи дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер.


10:50 – Откако заврши со позајмицата во Севиља, хрватскиот интернационалец од екипата на Наполи, Марко Рог, по се изгледа ќе остане во Италија, но во нова средина. Најновите информации велат дека тој е во напредна фаза на преговори со екипата на Фиорентина.

10:43 – По 4 години поминати во Истанбул Башакшехир, Емре Белoзоглу се враќа дома. Од денеска тој е повторно во дресот на Фенербахче, каде веќе настапуваше во два наврати.


10:25 – „Машината за пари“, како што го нарекуваат Динамо Загреб на овие простори, е на пат да направо уште еден неверојатен трансфер. Шпанецот Дани Олмо е на мета на Манчестер Јунајтед, а загребски „Спортске Новости“ пренесуваат дека сумата на евентуалниот трансфер може да биде и до неверојатни 40 милиони евра.

10:16ПСЖ и официјално доведе засилување. Нов фудбалер на „светците“ е Пабло Сарабиа. Деталите ги имате ОВДЕ

10:10 – Поранешниот фудбалер на Јувентус и италијански реперезентативец, Клаудио Маркизио и официјално го напушти Зенит откако двете страни решија меѓусебно да ја завршат соработката. 33-годишниот фудбалер си замина од Јуве минатото лето, а еве по една година во Русија реши да го напушти и Ст. Петерсбург. Поради проблеми со коленото, неговите настапи во тимот беа ограничени на само 15 натпревари, а во нив успеа да постигне и два гола.

09:45 – Спортинг (Л) ја одбил понудата на Манчестер Ј. во висина од 31 милион фунти за едно од најбараните имиња на летниот трансфер пазар, Бруно Фернандес.  Причина, понудата е слаба. Спортинг (Л) ќе бара многу повеќе за слободата на Фернандес ова лето.

09:32 – Бразилски „Esporte Interativo“ објави дека денеска Нејмар оди на преговори со Барселона. Повеќе за тоа прочитајте ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!