Роџер Федерер се намачи во првото коло на Вимблдон, но успеја со 3:1 (6:3, 1:6, 2:6, 2:6) да го елиминира Лојд Харис.

Момент, кој го одбележа натпреварот беше одличниот прв сет на Харис, кој со брејк стигна до предност од 5:2, а потоа и со 6:3 да поведе во натпреварот. Харис направи нешто што не му успеало никому девет години, да му земе сет на Федерер во првото коло на турнирот во Лондон.

Во продолжението Федерер беше одличен и со 6:1 изедначи на 1:1 во сетови, а потоа ги искористи и проблемите на Харис со левата потколеница, кој беше принуден да бара и медицински тајм-аут.

Лесно Федерер дојде до победа, која го носи во следното коло каде ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Џеј Кларк и Ноа Рубин.