Домаќинот Бразил е прв финалист на Копа Америка, откако во полуфиналето со 2:0 ја победи Аргентина. Габриел Хесус во 19. минута и Роберт Фирмин во 71. минута беа хероите на „кариоките“.

Акцијата за првиот гол ја започна Дани Алвес, кој му ја зема топката на Мартинез, а потоа ги проигра и Акун и Передес, му додаде на Фирмин, кој пак му асистираше на Хесус за водство од 1-0.

 

Аргентина потоа имаше две големи шанси, но Агуеро погоди во пречката, а Меси во стативата, додека останатите обиди завршуваа во рацете на одличниот Алисон.

Печатот беше ставен во второто полувреме кога Хесус со одличен дриблинг ги мина Пезел, Отаменди и Фојта и му ја возврати асистенцијата на Фирмин, кој го тресеше голот за 2-0.

 

Аргентина бараше два пенали, но ниту судиите, ниту ВАР не го сторија тоа.

Бразил во финалето на Копа Америка ќе го чека победникот од вториот полуфинален меч меѓу Чиле и Перу.