Аргентина одигра добар натпревар и можеби беше подобра од Бразил на теренот, меѓутоа го загубија мечот и не влегоа во финалето на Копа Америка. Како што потенцираше Лео Меси по мечот, на Аргентина не и судеа два пенали. Судиите на Копа Америка се консултираа со ВАР системот за се и сешто, а не бараа помош во две спорни ситуации по кои „гаучосите“ можеа да добијат пенал.

Едниот е фаулот непосредно пред вториот гол на Бразилците. Меси ја уфрли топката нанапред, а Дани Алвес го сопна Агуеро во казнениот простор. Судијата Замбрано од Еквадор не свирна ништо.

„Му реков на судијата, зошто не бараш ВАР. Тој само одмавна со рацете и рече имаме петти судија на теренот, а тој виде дека нема пенал! Влегував во шеснаесетникот, а Алвес ме сопна. Класична сопка, а никој не виде ништо. Срамота“, посочи Кун Агуеро.

Во 83 минута, Аргентина изведуваше контра, многу фудбалери се местеа за центаршут, а меѓу нив и Отаменди. Но доби нокаут од бразилската „осумка“ Артур. Лакт во лицето, а бекот на Аргентина падна како покосен.

Од тука и коментарот на Меси за судиите (можете да го прочитате ОВДЕ).

FOTO/VIDEO> ole.com.ar