Коста Манев нема да биде дел од Вардар во следната сезона. Според информациите до кои дојде „Спортмедиа“, стоперот и клубот нема да соработуваат идната сезона, односно се пред разделба. Двете страни имаат различни гледишта во моментов, и со тоа веројатно Манев завршува со настапите во најтрофејниот македонски клуб.

Со тоа сега Манев е поблиску до трансфер во Вележ, иако се споменуваше и Шкендија. Меѓутоа само доколку беше продаден Муслиу во Фехервар, а тоа не се случи.

Ако замине Манев, тогаш Вардар останува без еден од стабилните дефанзивци, и со оглед дека нема да може да ангажира нови имиња, неговото место ќе го потполни некој од младите.