По сензационалната победа во 1. коло на Вимблдон над Венис Вилијамс, тинејџ-сензацијата Кори Гауф продолжува да пишува историја на неофицијалното светско првенство во тенис. Таа вечерва во последниот меч на денот со 2:0 во рамките на 2. коло од женскиот турнир ја совлада Магдалена Рибарикова од Словачка и се пласираше меѓу тенисерките кои одат во 3. коло.

Гауф беше беспрекорна и во два сета со 6-3, 6-3 и пресуди на Словачката. Најмладиот квалификант малкумина можеа да ја замислат на главниот турнир, а таа веќе е во 3. коло.  Во следниот круг, Полона Херцог,60. на ВТА ранкингот ќе биде нова ривалка за 15-годишната Американка во обид да го запре нејзиниот налет на најпрестижниот турнир.