Атлетико Мадрид на својата официјална веб-страница ја објави продажбата на играчот од средниот ред Родриго Хернандез во Манчестер Сити за 70 милиони евра.

„Ла Лига денеска го информираше Атлетико дека Родриго Хернандез и претставници на Манчестер Сити се појавиле во седиштето на организацијата за да ја активираат клаузулата на играчот. Манчестер Сити го плати надоместокот на фудбалерот. Така, играчот еднострано го раскина договорот со нашиот клуб кој вежеше до 30 јуни 2023 година“, стои во изјавата од Атлетико.

Во сезоната 2018/19, Родри одигра 34 натпревари и постигна три гола во Ла Лига.