Американската тенисерка Серена Вилијамс се согласи да му биде партнерка на Британецот Енди Мареј во мешани двојки на Вимблдон.

Мареј, кој ќе се натпреварува и во сингл и во мешани парови, само месец дена по враќањето на теренот, по операцијата на колкот, го доби одговорот кој го чекаше.

Тој прашањето го постави пред почетокот на турнирот, откако претходно беше одбиен од светскиот рекет број еден Ешли Барти, како и Кристина Младеновиќ, број еден тенисерка во двојки.

Вилијамс претходно скромно изјави дека „е слободна“, а по настојувањето на новинарите да даде одговор, таа потврди

„Ако вие навистина го сакате тоа… ОК тогаш“ – изјави Серена.

Вилијамс и Мареј првиот меч треба да го одиграат утре.