Трансферот на Влатко Стојановски во Ним, е рекорден за еден фудбалер од македонската Прва лига. Сумата од 1.5 милиони евра засега е рекордна, и речиси двојно повисока од онаа кога Иван Тричковски од Работнички заминуваше во Црвена Звезда.

Тогаш српскиот тим плати нешто повеќе од 700 илјади евра.

Воедно, Стојановски со трансферот стана вториот најскап играч во историјата на Ним. Прв е играчот од средниот ред Денис Буанга кој лани беше платен три милиони евра.