Светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ, со победа од 3:0 над Американецот Кудла обезбеди пласман во 3. коло на Вимблдон. Србинот однесе победа со 6:3, 6:2, 6:2 и прилично лесно, за час и половина се најде меѓу патниците во третата рунда.

Ѓоковиќ кој ја брани титулата во Лондон, тргна фуриозно и по само 13 минути во првиот сет имаше 5:0. Сепак, Кудла успеа да се врати за 5:3, по што Ѓоковиќ успеа во деветиот гејм да слави и да победе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет имаше сличен развој, откако Ѓоковиќ брзо успеа да дојде до двоен брејк, а потоа Кудла врати еден. Во третиот сет имаше одличен тенис, но и доминација на српскиот тенисер.