Наташа Андонова својата кариера ќе ја продолжи во Шпанија. Македонската репрезентативка ја одбра понудата на Леванте. Оваа екипа е добро позната за нашата јавност, еден од нашите стандардни репрезентативеци Енис Барди игра за машкиот тим.

 


Минатата сезона Андонова настапуваше за тимот на Барселона со кого стигна до финалето на Лигата на шампионите.