Бранителот на трофејот во Копа Америка селекцијата на Чиле е елиминирана во полуфиналето од сензацијата Перу, која ќе игра во финалето против Бразил. Тоа би значело дека на домаќинот му е отворен патот кон трофејот, и покрај тоа што Перу ги „голта“ фаворитите. Токму Бразил го победи Перу во групата со убедливи 5:0.

Уште на полувремето беше 2:0 за Перу откако погодија Флорес и Јотун. Во 90. минута Гереро погоди за 0:3. Дека на Чиле ништо не им појде од нога на овој меч покажува фактот дека утнаа пенал во полседните минути од мечот.

Претходно Перу го елиминираше уште еден фаворит Уругвај по изведувањето на пеналите.