Она што во изминатите неколку недели беше најавувано, денеска стана и официјално. Френк Лапмард е новиот тренер на Челзи, соопштија од клубот.

„Се врати дома. Добродојде дома Френк“, објавија од лондонските „сини“.

Лампард истакна задоволство што ќе го води тимот во кој го мина најголемиот дел од кариерата.

„Нормално дека сум горд што ќе бидам тренер на Челзи. Сите ја знаат мојата љубов кон овој клуб, и среќен сум што ми беше укажана доверба да се вратам дома. Се надевам на успеси“, изјави Лампард.