Трансферот на Влатко Стојановски во Ним ги расипа плановите на Црвена Звезда. Имено „крвникот“ на Ливерпул Милан Павков требало да оди таму за сума од 3 милиони евра. Меѓутоа на Французите не им се „допаднал“, па го ангажирале Стојановски, пишуваат српските медиуми.

Стојановски потпиша за францускиот тим за сума од 1.5 милиони евра, што е најголем трансфер од нашето првенство.

Интересно е тоа што замината за Павков требаше да биде од Македонија, поточно Илија Несторовски од Палермо.