Откако успешно ги мина лекарските прегледи, Френки де Јонг попладнево и официјално е преставен како ново засилување за Барселона. На специјалната прес-конференција, младиот фудбалер го потпиша договорот со Каталонците и го завери трансферот од Ајакс.

Барселона се согласи да го потпише договор вреден 65 милиони фунти, а 22-годишниот фудбалер ќе биде една од најдобрите инвестиции на тимот во последно време.