Боливија се разбуди со вознемирувачки вести откако познатиот бизнисмен и потпретседателот на локалниот фудбалски клуб Блуминг, Нелсон Муриел Алварез бил убиен во центарот на Санта Круз де ла Сјера, најголемиот град во Боливија, во раните утрински часови. Според информациите, тој заедно со колега, исто така раководно лице на клубот излегувале од својот автомобил кога група на моторџии ги опколиле и ги изрешетале со огнено оружје. Седум фатални рани имало на телото на Алварез од кои четири во главата, додека неговиот колега имал среќа затоа што два куршуми го погодиле во рамето и ногата и бил однесен во болница каде и опериран и засега е во стабилна состојба.

Моторџиите побегнале со голема брзина, но еден од нив се судрил со такси возило и се повредил, а полицијата го уапсила и утврдила дека е колумбиски државјанин.

Мотивите за убиството се уште не се познати, а полицијата веднаш исклучи грабеж и претпоставува дека е нарачано убиство па работи на откривање на нарачателот.

Убиениот раководител на Блуминг, Нелсон Муриел Алварез

Уапсениот напаѓач бил колумбиски државјанин