Американскиот кошаркар Џејмс Гист, кој седум години ги бранеше боите на Панатинаикос ќе биде нов член на белградска Црвена Звезда со која ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработи фантастични 1.000.000 долари (500.000 долари по сезона), пренесува угледниот кошаркарски портал „Јурохупс“.

Познато е дека „црвено-белите“ разговарале со играчот, а сега целата работа е завршена, па Звезда ќе добие супер кошаркар кој во сезоната 2010/11 настапуваше за Партизан освојувајќи ја регионалната и домашната лига, а играше уште за Уникаха, Фенербахче и  Локомотив Кубан.

А претходно Звезда ги врати во своите редови Чарлс Џенкинс и Огњен Кузмиќ.