Ново заминување во МЗТ Скопје. По Љубомир Младеновски, актуелниот шампион остана без услугите на еден од најдобрите кошаркари. Иве Иванов по само една сезона мината во „сино-белиот“ дрес одлучи да се врати во Задар, тимот кој го остави МЗТ Скопје во АБА 2-лигата.

Иванов е еден од оние играчи кои се најде на листата на слободни агенти по завршување на сезоната. Тој во Аеродром дојде токму од таборот на хрватскиот тим, кој се чини имаше попримамлива понуда, но и самиот настап во АБА-лигата си го стори своето.

Во моментов кошаркари кои немаат договор со шампионот се Предраг Самарџиски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко и Андреј магдевски.