Српскиот шампион Црвена Звезда ги засили своите редови со шпански фудбалер. Се работи за играчот за врска Хозе Алберто Кањас кој доаѓа од редовите на ПАОК, а порано играл за Бетис, Еспањол и Свонси. Има 32 години и е првиот Шпанец во историјата на белградскиот клуб.

Имав многу понуди, а и ПАОК сакаше да го продолжам договорот, но нивната понуда не беше добра. Штом ми се јавија од Звезда не се двоумев многу. Знам дека тоа е клуб со многу трофеи и е поранешен европски шампион. Знам дека Звезда има супер екипа и верувам дека можеме да играме во Лигата на шампионите“, вели Кањас кој додаде дека околу трансферот зборувал со Александар Пријовиќ со кого заедно играа во ПАОК.

Кањас го одбра бројот 87.

Таа година сум роден, а тој број ми донесе многу среќа минатата сезона“, додаде Шпанецот.