Македонската кадетска репрезентација ја совлада Турција во првиот од двата пријателски натпревари во рамките на подготовките за настап на ЕП.

Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ по продолжение славеа со 69-63, предводени од Андреј Митревски и неговите 27 поени, втор стрелец беше Симиќ со 10 поени.

По триумфот првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ го пецна својот голем пријател Хедо Туркоглу, кој е претседател на турската федерација.