Контроверзниот тенисер Ник Кирјиос по поразот од Рафаел Надал во второто коло на Вимблдон призна дека намерно го гаѓал Шпанецот во градите за време на мечот.  Австралискиот тенисер во третиот сет имал намера да го погоди шпанскиот тенисер, а за случката не објаснуваше многу:

Сакав да го погодам во градите. Зошто би му се извинил? Колку Грен слемови има? Па може да поднесе топче во градите“, одговори Кирјиос кој го загуби дуелот со 1:3.

Секогаш сум спремен да излезам на терен и да ги забавувам навивачите. Тоа беше одличен меч, уживав во него. Многу луѓе го гледаа. Но, џабе. Што и да направам во медиумите веднаш се појавува нешто негативно за мене“, вели Австралиецот.

Искрено дадов се од себе, го оставив срцето на теренот и не можам да бидам разочаран. Рафа е шампион и играше одлично за важните поени. А судијата? Судијата беше ужасен. Зошто јас би чекал Рафа да се намести кога јас сервирам?“, праша Кирјиос, кој за ова има право затоа што Надал користи премногу време помеѓу оените.

А Надал не сакаше да го коментира однесувањето на противникот.