Тим Визе, легендарниот голман на Вердер Бремен, после завршувањето на кариерата стана кечер. Меѓутоа никој не очекуваше дека овој чувар на мрежата кој што своевремено беше и германски репрезентативец, ќе прави проблеми надвор од спортот.

Имено, во Бремен најпрво го паркирал своето Ламбурџини на место за инвалиди. На тоа реагирал еден 92-годишен старец, па Визе почнал расправија со него.

Визе ќе треба да плати казна од 25.000 евра, така одлучи судот. Наводно се појавил и сведок кој го потврдил инцидентот. Визе има право да се жали на оваа одлука.