Почнува „жешкото“ лето, серијата на настапи на иднината на мак-кошарката први ја отвараат јуниорките. Нашиот главен град и федерација се домаќини на Европското првенство Б Дивизија (5-14 јули) за кошаркарки до 18 години, првенството ќе игра во малата сала во „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски“, место во А Дивизија ќе обезбедат првите три најдобри селекции.

Селекторот на јуниорките, Жаклина Стојановска и нејзините избранички имаа доволно време за подготовка, а предноста на домашен терен треба да биде голем плус во обидот Македонија да биде меѓу најдобрите.

Прва пречка за „црвено-жолтите“ е Романија, дуелот со игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот. Покрај оваа репрезентација, Македонија е во група со Ирска, Грција, Словачка и Австрија.

Влезот за сите мечеви од ова натпреварување е слободен, девојките очекуваат поддршка на сите средби.

Сите детали околу распоредот може да ги видите и на овој ЛИНК.