22:32 – Италијанските и данските медиуми вечерва потврдија дека младиот репрезентативец на Данска, Андреас Сков Олсен е нов фудбалер на италијанска Болоња. Сумата на трансферот е 5 милиони евра, а Сков Олсен во Болоња доаѓа од екипата на Нордсјеланд.

21:44 – 24-годишниот јапонски крилен напаѓач Шоја Накаџима вечерва е преставен како ново засилување за екипата на Порто. Накаџима доаѓа во Порто од екипата на катарски Ал-Духаил каде настапуваше минатата сезона, а претходно две сезони беше играш на португалскиот клуб Портимонензе.


21:40 – Претседателот на француски Лил, Жерар Лопез, во изјава за „Радио Монте Карло“ потврдил дека во моментов се водат преговори меѓу неговиот клуб и Ливерпул за трансферот на Николас Пепе.

21:33 Санти Мина од Валенсија е многу блиски до трансфер во екипата на Селта. Двата клуба преговараат и многу скоро треба да донесат конечна одлука. Мина најверојатно заминува во Виго како позајмен игра.

20:24И агентот на Пол Погба, Мино Раиола не крие дека Французинот ќе го напушти „Олд Трафорд“. Комплетната вест ТУКА.

19:46Јувентус не престанува. Ново засилување во Торино е младиот Турчин, Мерих Демирал, кој во редовите на италијанскиот шампион доаѓа од екипата на Сасуоло. Трансферот е вреден 18 милиони евра, а договорот на Демирал е на 4 сезони.


19:34 Јури Тилеманс тргна кон Англија. Како што пренесуваат англиски извори, фудбалерот на Монако се договори со Лестер и ќе стане најскапото засилување на клубот во историјата. „Лисиците за него на Монако ќе му платат 40 милиони фунти. Детали се очекуваат во скоро време.

19:11 Виљареал вечерва потврди дека следната сезона ќе му го отстапи Турчинот Енес Унал на тимот на Ваљадолид. Во позајмицата ќе има и опција за откуп на договорот следното лето.


18:53Барселона попладнево и официјално го потпиша договорот со Френки Де Јонг од Ајакс, по што на посебна свеченост им го престави на новинарите и навивачите на клубот.


18:30 – Српските медиуми попладнево објавија дека Интер испратил понуда за Немања Матиќ. Наводно, Антонио Конте понудил да го даде Белгиецот Раџа Наинголан, а за возврат да го добие Немања Матиќ, за кого Солскјер изјави дека веројатно нема да ја добие минутажата од минатата сезона.

18:11 – Интер и официјално потврди уште едно засилување. Станува збор за 17-годишниот Агуме кој потпишал тригодишен договор со „нероаѕурите“. Поопширно ОВДЕ

17:37 – Турските медиуми денеска повторно ја отворија темата за доаѓањето на Александар Коларов во Фенербахче. Наводно преговорите се повторно во тек и само еден чекор го дели Србинот од доаѓање во Фенер.

17:14Андерлехт и официјално го потврди трансферот на Самир Насри. Некогашните соиграчи од Манчестер Сити, Насри и Компани, сега ќе бидат заедно во Андерлехт. Едниот како играч, другиот како менаџер.


16:35ОФИЦИЈАЛНО – Белгискиот напаѓач Бенито Раман е нов фудбалер на Шалке 04. Играчот денеска дојде во клупската база на германскиот тим, по завршениот трансфер од Фортуна Дизелдорф. Раман со Шалке 04 потпиша договор до 2024 година.


16:22Макси Гомез од Селта, како што најавивме и вчера, е на чекор до трансфер во Валенсија. Шпанските весници велат дека „дилот“ ќе биде комплетиран најдоцна за 48 часа.

15:36 – Севиља веднаш се пофали со новиот фудбалер Серхио Регулон кој дојде од Реал Мадрид како позајмен на една година. (ДЕТАЛИ ОВДЕ)

15:32 – Една вест и од Португалија. Порто го објави трансферот на Зе Луис од Спартак Москва за кого платија 2,5 милиони евра. 28-годишниот напаѓач со португалскиот клуб потпиша договор до 30 јуни 2023 година.

14:40 – Рускиот шампион Зенит соопшти дека ги продолжил договоротите со голманот Михаел Кержаков и со крилото Јури Жирков. Новите договори на двајцата се на уште една сезона, до крајот на сезоната 2019/20.

13:30 – Андреас Переира и Аксел Туанзебе ги продолжија договорите со Манчестер Јунајтед до 2023 година односно 2022 година.

12:50 – Самир Насри има нов клуб и тоа од Белгија. Според медиумите од оваа земја Французинот и Андерлехт се договориле за соработка (ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОДОЦНА)

12:40 – Баерн не успеа да го донесе Родри кој замина во Манчестер Сити, па го активираа резервниот план. Во фокусот е друг шпански фудбалер (ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ)

11:55 – Арсенал и Вулверхемптон се во битка за фудбалерот на Гремио Валтер Канеман. И двата клуба понудиле 12 милиони фунти за овој аргентински интернационалец.

11:40 – Денеска е денот на Френки де Јонг во Барселона. Френки е веќе во Барселона, денеска ќе има полна агенда, фотографирање, прес-конференции, средба со навивачите и соиграчите… Еве што изјави Холанѓанецот по облекувањето на дресот на Барселона (ОВДЕ)

10:35 – Фабио Борини, подзаборавениот италијански напаѓач е на крстопат – дали да оди во Њукасл или во Бордо. По доаѓањето на Марко Џампаоло на клупата на Милан, јасно е дека за него нема место во екипата.

10:30 – Стефан Ел Шарави се согласил да премине од Рома во кинескиот суперлигаш Шангај Шенхуа, па останува уште двата клуба да се договорат околу висината на отштетата. Кинезите понудиле 14 милиони плус бонуси, додека Рома бара барем 20 милиони.

10:28 – Првпат во историјата еден шпански фудбалер ќе игра за Црвена Звезда. Нов член на „црвено-белите“ е Хозе Алберто Кањас кој доаѓа од ПАОК, а претходно играл за Бетис и Еспањол (ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ОВДЕ)

9:35 – Рома е во активни преговори со Бетис за ангажман на нивниот голман Пау Гомез за 25 милиони евра.  24-годишниот голман ги договорил личните услови со римскиот клуб, а се работи за четиригодишен договор и плата од 2 милиони евра по сезона.

9:20 – Даглас Сантос, довчерашниот лев бек на Хамбургер е нов играч на Зенит. Потпишан е петгодишен договор. Претходно играше за Атлетико Минеиро и за Удинезе.

09:10 – Словачкиот стопер Денис Вавро успешно ги мина медицинските прегледи и потпиша петгодишен договор со римски Лацио. Неговиот претходен клуб Копенхаген ќе добие отштета од 10,5 милиони евра плус бонуси.

09:00 – Невен Суботиќ се врати во Германија! Неговиот нов клуб е од Берлин… А кој? Прочитајте ОВДЕ

08:00 – Романскиот репрезентативец Николае Станчиу е нов фудбалер на Спарта Прага. Тој всушност се врати во редовите на чешкиот клуб откако одигра шест месеци во Ал Ахли од Саудиска Арабија.

СИТЕ ТРАНСФЕРИ ОД ВЧЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ

ТРАНСФЕРИТЕ ОД СРЕДАТА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!