Новиот клуб на македонскиот голгетер Илија Несторовски, Удинезе, денеска или најдоцна утре треба да ја има официјалната промоција на едно од своите нови засилувања за следната сезона. Според информациите, покрај Несторовски, Удинезе се подготвува за промоција и на второто засилување од Палермо, искусниот босански интернационалец, Мато Јајало.

И двајцата стануваат нови фудбалери на тимот од Удине следнава сезона. Несторовски пред неколку дена беше потврден како ново засилување за „црно-белите“ со договор на три години. Сега останува новиот клуб да ја организира и официјалната промоција.