Милан нема потреба да преговара со Мичел Дајкс од Болоња, затоа што успешно го заврши трансферот на Тео Eрнандез кој доаѓа од Реал Мадрид. Најзаслужен за овој трснефер е директорот на Милан и легендарниот нивен капитен Паоло  Малдини кој директно преговараше и со Реал и со играчот, а на крајот приказната успешно е завршена.

Ернандез потпишал петгодишен договор со „росонерите“, а финансиските детали не се објавени но се споменува дека трансферот изнесува околу 20.000.000 евра. Така Милан си доби лев бек што значи дека Рикардо Родригез слободно може да оди.

А ова е и добар потег на Ернандез кој не успеа да се наметне ни кај Зидан, ни подоцна кај Лопетеги кој го испрати на позајмица во Сосиедад.

Паралелно со ангажманот на Ернандез, Милан работи на реализирање на уште еден трансфер, а тоа е Жордан Верету од Фиорентина. Понудата на „росонерите“ е 13 милиони евра плус Лукас Билја. Но клубот од Фиренца бара чисти пари и тоа 25 милиони евра.