Двата мега-трансфери во редовите на каталонскиот гигант нема да се реализираат летово, а Барселона ќе остане без услугите и на Нејмар и на Антонио Гризман.

Првиот човек на клубот, Јозеп Бартомеу го потврди тоа.

„Знаеме дека Нејмар сака да си замине од ПСЖ, но исто таа знаеме дека тие не сакаат да го пуштат, па невозможно е да се потпише“, објасни првиот човек на Барселона.

Слична е ситуацијата и со Антонио Гризман, за кој се тврдеше дека е веќе играч на каталонскиот гигант. Атлетико оштетата од 200 милиони евра ја намали на 120 милиони, но Барселона сака дополнително да плати, што не му се допаѓа на тимот од Мадрид.

„Барселона излезе со предлог да го пуштиме Гризнам, а тие дополнително ќе ја исплатат оштетата. Секако, одбивме. И Барселона и играчот покажаа непочитување кон Атлетико и неговите навивачи. Гризнам со Барса преговара уште од февруари, во март веќе бил договорен…, а дури на 14 мај ни најави дека ќе си оди на крајот на сезоната. Од фудбалерот очекуваме да се појави на подготовки“, децидни се од Атлетико.