Одбранбениот играч Фернандо Аугусто Родригес де Араујо, потпиша со Македонија ЃП. Тој доаѓа од Бразил, а во минатото беше дел од Пелистер.

“Среќен сум што доаѓам во нова средина каде што сум прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб – нешто што знам дека ќе го возвратам со иста мера. Со нетрпение чекам да го облечам дресот и да го дадам својот допринос за што поуспешна сезона.”