МВП играчот на финалето во НБА, Кавај Ленард е нов играч на Л.А. Клиперс, според најдобро информираниот НБА новинар Адриан Војнаровски од ЕСПН.

Ленард по само една сезона во Торонто и освојувањето на НБА титулата одлучи да замине од Канада и да се врати дома, во Јужна Калифорнија, што му беше цел уште од заминувањето од Сан Антонио Спарс минатото лето.

 

Се одлучи за Клиперси иако во Лејкерси можеше да игра со Леброн Џејмс и Антони Дејвис.

Но, се чини дека и Клиперс ќе имаат одличен тим со оглед на тоа дека последните информации велат дека Паул Џорџ побарај трејд од Оклахома, а клубот му дозволи да замине.