Кондицискиот тренер на Хајдук, Анте Јуриќ, е еден од хероите кој спречи шумски пожар, кој изби во близина на хотелот во Словенија, во кој на подготовки се фудбалерите на Партизан и на Хајдук, да се рашири и да се претвори во трагедија.

Суви гранки биле запалени доцна синоќа во близина на хотелот во Похорје, но со оглед на тоа дека пожарот не бил контролиран, тој набргу се раширил низ околината до пред хотелот.

Но Јуриќ реагирал веднаш и заедно со локалното население спречил истиот да се прошири се додека не дошле пожарникарите. Притоа никој не е повреден.