Анотнио Валенсија е еден од оние фудбалери кои минале тешки денови, но за разлика од останатите еквадорски деца, успеал да побегне од суровата реалност и да го оствари големиот сон.

Неговиот излез бил фудбалот.

Како мал собирал стаклени шишиња, па стигна да игра големи мечеви пред 75.000 публика на „Олд Трафорд“.

Шишињата ги собирал со неговиот брат, неговиот татко ги носел да ги продаваат. Тешките времиња него спречиле да се обиде да го оствари неговиот сон.

Неговата мајка продавала пијалоци пред локалниот стадион, Валенсија секогаш бил со неа. Дури на 11 години успеал да направи нешто, Педро Перлаза е тренерот кој го открил неговиот талент, постојано го следел додека играл на терените близу неговата куќа.

Иако имал само 14 години, играл против играчи дури четири години постари од него.

„И покрај разликата во години, успеа да се наметне во тимот како лидер “, изјави неговиот прв тренер.

Две години подоцна му се пружила шанса да игра за Ел Национал. Кога заминал во главниот град на Еквадор да ги импресира останатите не го известил неговиот татко.

„Не му кажав на татко ми, знаев дека нема да ми дозволи да одам“, призна Валнесија.

„Тоа беше моето прво заминување. Бев нервозен, не знаев каде ќе спијам или што ќе јадам. Но, ако имаш сон и сакаш да го оствариш, не треба да се грижиш за такви работи“.

Тој во дресот на Ел Национал заработувал 60 долари месечно.

„Кога првпат дојдов во клубот, се сеќавам ми дадоа некои копачки адидас. Беа неверојатни, пред тоа немав ништо“.

После 15 години Валенсија заигра за големи клубови како Виљареал, Рекреативо и Вгина Атлетико, но најголемото остварување е Манчестер Јунајтед.

„Горд сум на сето она што го направив“.

33-годишниот фудбалер во сезоната се врати во Еквадор, откако мина 10 години во дресот на Јунајтед.

Неговата приказна е неверојатна, но и голема инспирација за сите деца во светот да не се откажат од големиот сон.