Стефан Ел Шарави прво ги одби, па ја профати понудата на кинескиот Шангај Шенхуа. Тој уште во јануари можеше да се пресели на Далечниот Исток, но реши да остане во Рома, а сега работите се сменија и „Малиот Фараон“ реши да прејде во редовите на „сините“ од Шангај.

Рома ќе добие фиксни 16.000.000 евра плус уште 2.000.000 на основа на премии, но платата на играчот е фантастична. Медиумите различно пишуваат околу висината на примањата во Шенхуа, а угледниот италијански спортски новинар и аналитичар Ди Марцио кој ретко кога промашува, вели дека Ел Шарави ќе заработи „само“ 40.000.000 евра за три години. Тоа значи дека италијанскиот репрезентативец ќе добива по 13.000.000 евра на годишно ниво.

Да потсетиме дека Рома го донесе Ел Шарави во јануари 2016 од Милан за 14.400.000 евра. Минатата сезона во Серија А одигра 28 натпревари и постигна 11 голови.