Аргентина го доби дуелот за третото место на Копа Америка, го совлада Чиле со 2-1. Лионел Меси кој заработи црвен картон не учествуваше на церемонијата на доделувањето на медалите. Капитенот на „гаучосите“ испрати сериозни обвинувања нарекувајќи го ова натпреварување дека е корумпирано.

„Не треба да бидеме дел од оваа корупција, немаа никакво пошитување кон нас. Не ни дозволија да играме финале. Корупцијата, судиите…не им дозволија на луѓето да уживаат во фудбалот“, изјави Меси.

„Трофејот е за Бразил. Се надевам дека судиите и ВАР ќе им дозволат на Перу да игра, но не верувам“.

За можната казна која може да ја добие поради овие коментари тој рече:

„Нека прават што сакаат, вистината мора да се каже“.