Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер вели дека 15-годишната Кори Гауф, која од квалификациите се проби до осминафиналето на женскиот турнир на Вимблдон, нема да биде чудо дури и да го освои турнирот. Иако многумина сметаат дека таа тешко дека ќе може да го издржи ритамот на втората недела на првенството, Федерер вели дека не гледа причина да не се случи изненадување.

„Не гледам причина зошто младите тенисери мора да се соочат со физички проблеми или да не победат на вакви турнири на млада возраст. Мислам дека тоа е сосема можно. Таа е во добра форма, се движи добро и тоа е една од нејзините предности. И нејзината мудрост, која обично не се случува кај младите играчи. Јас бев ужасен на 15 години“, вели со насмевка Федерер.