Утринава експедицијата на Шкендија замина за Естонија каде во вторник ќе го одигра првиот меч од 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Шампионите на Македонија од Скопје се упатија за Приштина и од локалниот аеродром се упатија кон Талин, престолнината на Естонија.

Ведри, насмеани и расположени, а веруваме и мотивирани да го освојат Талин и да го отворат патот кон второто квалификациско коло каде чека подобриот од дуелот Селтик/Сараево.

Инаку мечот меѓу Номе Калју и Шкендија се игра во вторник од 18.00 часот на стадионот „Кадриорг“ кој се наоѓа во истоимената населба кои инаку е дом на локалниот клуб Левадија. Пред да биде изградена „Ле Кок“ арената, токму на „Кадриорг“ естонската фудбалска репрезентација ги играла домашните натпревари.