Женската репрезентација на Шпанија ја одбрани европската круна и продолжува да доминира на Стариот континент откако со 86:66 ја совладаа Франција во финалето на Европското првенство во Србија.

Шпанија е втората репрезентација по СССР, која од 1991 година навака успеала да освои две европски титули во низа.

„Фуријата“ одигра перфектна одбрана и по само пет минути игра ја остави Франција без решение, а имаа дури десет украдени топки. Тимот го предводеше Марта Аргеј со 23 поени.

Бронзениот медал и припадна на Србија, која со 81:55 ја совлада Велика Британија.