Сагата околи Матијас де Лихт продолжува. По вчерашните информации дека холандскиот фудбалер нема да го одбере Јувентус и ќе потпише за Манчестер Јунајтед за далеку поголема сума, денеска во јавноста се огласи неговиот менаџер, Мино Рајола.

„Де Лихт постигна договор со Јувентус, останува двата тима да ги завршат преговорите. Немаме намера да одиме на арбитража, тој ќе се појави на подготовките на Ајакс. Нема да има изговори од типот дека е болен, тоа не е негов стил. Како што кажав чекаме двата тима да се договорат“, изјави Рајола.

Јувентус на адресата на Ајакс испрати понуда од 65 милиони евра, но челниците на холандскиот тим ја одбија. Новото од таборот на италијанскиот тим е сумата од 75 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите.

Де Лихт треба да потпише повеќе годишен договор вреден осум милиони евра по сезона, заедно со бонусите таа бројка ќе скокне на 12 милиони евра.