По победата над Косово на отворањето на Балканијадата и поразот од Турција во второто коло, машката кадетска одбојкарска репрезентација ја забележа и втората победа во Ферезај. Денеска со 3-1 славеа над Црна Гора.

Остануваат уште два натпревари за оваа селекција, во вторник ќе играат против Романија, додека во среда ќе завршат на турнирот со Албанија, по кој ќе се знае и генералниот пласман на сите селекции.