Во интервју за босанскиот весник „Ослобоџење“, екс-тренерот на Вардар и сегашен селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ, го прокоментира вториот триумф на Вардар во Лигата на шампионите, споредувајќи го со спас за македонскиот ракомет во последната „секунда“.

„За се можеме да зборуваме хипотетички. Јас сум фрапиран што се може да приредис портот. Ако го споредиме со фудбалот, Барселона има вонземска екипа. Сега слушаме разни приказни за тоа дека играчите не примиле плата 3, 6, па и 21 месец, но колку и да не примиле, да ја направите таа хемија и да играте иако знаете дека е крај – тоа е голема работа и изненадување, но е апсолутно заслужено. Тоа е нешто што го спаси ракометот во Македонија. Да не ја освоеја титулата, кој знае што ќе се случеше. Се појавија нови спонзори, Владата реагираше, значи има позитивен одек. Вардар е македонски бренд и Вардар заслужува да го држи приматот“, вели Вујо.