И кога се падна Номе Калју, се знаеше дека естонците нема да можат да настапат против Шкендија на својот „Хиу“ стадион, кој собира едвај 900 лица. Кога игра во Европа тимот од Естонија го користи „Кадриорг“ стадионот, оној на Левадија.

Овој стадион е само со две трибини, со капацитет од 5.000 места. Изграден е во 1926 година а последен пат бил реновиран пред 20 години. Секако дека е добро за нашиот шампион што Номе Калју нема да го користи својот стадион за овој натпревар. Натпреварот, кој е прв од двомечот во 1.квалификациско коло во ЛШ, се игра утре со почеток во 18 часот. Реваншот е закажан за следниот вторник во Скопје.