Баерн Минхен го чека Лерој Сане да се врати од одмор и да ги засили преговорите за трансфер на германскиот репрезентативец во Минхен. Како што соопти магазинот „Кикер“, Сане имал разговор со шефовите на Баерн и да согласност за средба веднаш штом заврши со одморот.

Иако темата е тешка и јасно е дека Баерн има мали шанси да го „украде“ фудбалерот на англискиот шампион, сепак, ќе игра на картата дека Сане ќе добие постојана минутажа во Минхен, за разлика од она што го добиваше минатата сезона во Сити.

Ако Сане не сака да го напушти клубот, Баерн ќе ја активира темата за ангажман на Дембеле од Барселона.