Многу емоции го понесоа бразилскиот напаѓач Габриел Жесус во финишот на финалето на Копа Америка против Перу. Во 70 минута му беше покажан патот кон соблекувалната. Причината е што непотребно удри со лакт противнички фудбалер, а бидејќи претходно имаше жолт картон, судијата му покажа втор и го исклучи. А Жесус не можеше да се помири.

Не веруваше што му се случи и што ги остава соиграчите на цедило во клучните моменти. Се фати за глава, пцуеше, на излегување надвор ги шутна шишињата со вода, со тупаница ја удри кабината каде што седат судиите, оттурна стјуард кој се обиде да го смири, а ја турна и ВАР кабината. Седна на скалите и почна да плаче. За среќа, неговите соиграчи ја одработија задачата и го освоија трофејот, па на младиот фудбалер му олесна и му се врати насмевката на лицето.