Фудбалската репрезентација на Мексико е освојувач на Голд Купот. Мексиканците го освоија осмиот трофеј во ова натпреварување, откако рано утринава славеа во финалето против САД со 1-0. Победничкиот гол беше дело на Џонатан Дос Сантос во 73. минута.

Со ова Мексико ја прекина победничката серија од 10 натпревари на Американците во Голд Купот. За Мексиканците, успехот беше осми во 15 настапи на турнирот од 1991 година. Тие освоија четири од последните шест изданија, а САД се наоѓаат на второ место, но не успеа да ја одбранат титула од 2017 година.

Средбата се одигра пред 62.493 гледачи на стадионот „Солџер Филд“ во Чикаго.

ХАЈЛАЈТС ОД ФИНАЛЕТО