После Тео Хернандез кој дојде од Реал Мадрид, Милан се пофали со уште еден нов играч. Всушност овој трансфер беше најавен пред неколку денови, но сега е официјално потврден. Нов член на „Росонерите“ е играчот од средниот ред Раде Круниќ, репрезентативец на Босна и Херцеговина кој доаѓа од редовите на Емполи. Договорот е на пет години.

Инаку „росонерите“ за неговите услуги ќе му платат на клубот од Тоскана 8.000.000 евра плус бонуси. Круниќ импресионираше во дресот на Емполи минатата сезона, а даде пет гола и запиша шест асистенции во 33 настапи во Серија А. Пред да дојде во Емполи играше во Верона, а пред Италија настапуваше за српски Доњи Срем и босанскиот нисколигаш Сутјеска од Фоча, од каде што е и роден.

Тој веќе има 10 настапи за репрезентацијата на БиХ и еден гол.

А Милан наскоро може да реализира уште еден трансфер од Емполи, а тоа е Исмаел Бенасер кој моментално е со Алжир на Африканскиот куп.