Додека другите тенисери на Вимблдон вчера одмораа и планираа како ќе играат во денешните осминафинални мечеви, Американецот Тенис Сандгрен мораше да си бара ново сместување. Имено, 27-годишниот Американец кој е 94. На АТП листата, за првпат се најде во 1/8-финалето на Вимблдон, и изјави дека не планирал да остане толку долго во Англија.

„Бев сместен во еден стан, но вчера морав да се пресела. Ми заврши резервацијата. Навистина немав потреба да резервирам за две недели, затоа што не планирав да играм и во втората надела на Вимблдон. Сега сум во хотел, и тоа е ок. Додека времето не е топло мојата соба е кул, што е одлично. Но, кога сонцето излегува станува жешко, тешко е, но немав многу избор“, изјавил Сандгрен, кој денеска го игра осминафиналето со својот сонародник Кереј.