Наскоро стадионот на Чаир ќе биде во ново руво. Тоа ќе биде модерно здание со уште една трибина, тоа ќе биде стадион на кој ќе биде задоволство да се присуствува. Денеска беше поставен камен-темелник на изградбата на новата трибина, од страна на паркот. Средствата ги обезбеди Фудбалската Федерација на Македонија преку УЕФА, а дел се и на општината Чаир. На свеченоста присуствуваа првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, првиот човек на Скопје Петре Шилегов, но и уште многу други познати фаци од спортскиот живот, бизнисот, политичари и други.